Еден маж од мексиканскиот град Рејнос бил примен во болница на итна операција, откако неговиот пенис бил во ерекција три дена.
Мексиканските лекари сè уште не ја објавиле неговата состојба по операцијата, но ја откриле причината за сите неволји на човекот кој не e именуван.
Имено, господинот договорил секс со 30-годишна жена, и решил да купи магични апчиња што ќе му гарантираат успех.
Колку бил упорен во неговиот план, покажува фактот што тој заминал во градот Веракруз за да ги набави апчињата, што е оддалечено околу 1000 километри од Рејнос, пишува Ла Република.
Таму тој купил апчиња што локалните земјоделци ги користат како сексуален стимуланс за бикови. Не е познато како завршила неговата забава со младата дама, но за брзо време се случила нивната агонија која траела 72 часа.