ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ГЕЈМЕРИ ВО СВЕТОТ: Короната натера многумина да се свртат кон играње видео игри

popara12 јуни, 20201min00
gejmeri

Неодамнешниот извештај на Unity Technologies покажа дека бројот на играчи на компјутерски игри во светот, во првите пет месеци од оваа година е зголемен за дури 50 проценти во однос на минатата година.

Главната причина за големиот раст е пандемијата низ целиот свет, а во согласност со тоа, промените во животните навики на луѓето, кои се принудени да се изолираат и да ја зголемат употребата на компјутери и мобилни телефони. Дневниот број на корисници на компјутерски игри и игри на конзола се зголеми за 46 проценти во првите пет месеци, додека дневниот број на корисници на мобилни игри се зголеми за 17 проценти, пренесува Seebiz.

Бројот на играчи на мобилни игри се зголеми за 13% дури и пред пандемијата во однос на минатата година, се вели во извештајот, но рекордниот раст пристигна во март кога епидемијата на корона вирусот стана глобална пандемија.

Во извештајот се наведува и дека бројот на инсталирани игри на мобилни телефони пораснал за дури 84 проценти оваа година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag