Жителите на Лондон во шок! Eлени се одмараат на нивните семејни тревници за време на карантинот!

popara3 април, 20201min00
eleni

Деновиве многу луѓе се ограничени во своите домови, а некои од нив престојуваат во други градови и нема да можат да се вратат дома подолго време поради актуелната состојба со корона вирусот. Иако не е воведен целосен карантин во многу држави, луѓето избираат да останат дома, за да избегнат секаква опасност. Многу од нив не се навикнати да бидат толку многу дома, така што „убиваат време“ на различни начини. Некои гледаат филмови, други читаат книги, трети пак се креативни и снимаат, сликаат или фотографираат. Има и такви што одржуваат „online“ часови и ги споделуваат своите таленти на интернет со другите.

И додека луѓето седат во своите домови, на улиците ширум светот се случи нешто што никој не очекуваше. Животните на кои не им е место на патиштата излегоа и ги освоија улиците на некои градови. Минатиот месец, Италија, Тајланд и Јапонија ги забележаа овие прекрасни посетители и ги споделија со светот. Деновиве, снимките и фотографиите од елени кои се шетаат низ опустошените улици во Лондон, сурфаат на интернет.

Повеќето се снимени во областа Харолд Хил, предградие на Лондон, каде одмараат на тревата пред семејните домови. Иако елените живеат во близина на паркот Дагнам повеќе од 1.000 години и се знае дека се шетаат во населеното место, мештаните велат дека никогаш не биле видени во толкав број.

Погледнете го видеото подолу од елените кои се шетаат низ опустошените улици во Лондон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma