Кевин Кравиц, германски тенисер кој минатата сезона направи сензација и го освои Роналд Гарос, се вработи во трговски центар во Минхен за време на пандемијата на коронавирус.
– Веќе неколку недели работам во продавница за 450 евра – откри 28-годишниот играч, кој заработи повеќе од 1 милион долари во својата кариера.
– И претходно планирав да се занимавам со нормална работа, а коронавирусот ми даде шанса да се испробам во тоа. Некои колеги се будат во пет часот наутро, и работат во продавницата до 18:30 попладне, даваат се од себе за да ги задржат полиците полни “, рече Кравиц, откривајќи што работел досега:
– Ги редев полиците со колбаси и сирење, ги сортирав производите, ги дезинфицирав количките … Бев дури и обезбедување на влезот. Во пет наутро одам на работа, купив и ролери, тие ми се превозно средство за на работа.
Кравец е 13ти тенисер во двојки во светот. Роланд Гарос го освои во пар со сонародникот Андреас Мис. Во поединечна конкуренција, најдобар пласман на АТП-листата му е на 212-то место.