Зошто бремените жени треба редовно да јадат јајца?

popara12 април, 20201min00
bremeni zeni ishrana

Колинот во јајцата го развива централниот нервен систем на бебето во матката, мозокот и ‘рбетниот мозок и влијае на способноста за учење.

Јајцата со години биле лошо познати – од страв од Салмонела и затоа што се сметало дека имаат многу холестерол. Европскиот орган за безбедност на храна (EFSA) сега вели дека јајцата се главниот извор на холин – хранливи материи од групата Б-комплекс.

 Особено е потребно за бремени жени, бидејќи е важно за создавање и развој на централниот нервен систем на бебето во матката. Исто така е клучно за мозокот, ‘рбетниот мозок и способноста за учење. Повисокиот внес на холин во текот на вториото тромесечие покажа дури и поврзаност со подобра визуелна меморија кај деца од седум години. ЕFSA препорачува внес на 400 мг холин дневно.

Просечно големо јајце има 144 мг, така што дневните потреби на возрасни ги исполнуваат две поголеми или помали јајца, а едно е доволно за малите деца. Нискиот внес на холин е често поврзан со различни заболувања на црниот дроб, кардиоваскуларни заболувања и невролошки нарушувања. Досега не постои регулатива за внесот на холин во Европската унија, бидејќи се сметаше дека можеме да го произведеме доволно или да го внесеме со вообичаена исхрана, но се покажа дека не е така и дека треба да го надополниме внесот на овие витамини. Инаку, една студија во САД открила дека повеќе од 90 проценти од луѓето консумираат помалку од препорачаната дневна количина на холин. Најдобар извор на холин во исхраната, освен јајцата го има и во црниот дроб од говедата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag