Зошто реагираат кај Цукенберг од Фејсбук, преживеаните логораши од Нацистичкиот Холокауст?!

7 август, 20200
Annotation 2020-08-07 001028

Поранешните преживеани од холокаустот ширум светот ги здружија силите денес во кампања со барање до директорот на Фејсбук Марк Цукерберг да преземе мерки за отстранување на негирањето на геноцидот извршен од нацистите од веб-страницата на таа социјална мрежа.

Кампањата „No Deying It“ бара од Цукерберг да ги отстрани од таа социјална мрежа оние групи што го негираат холокаустот, како и страниците и објавите што содржат говор на омраза, пренесува АП.

Исто така, се бара ваквите објави, фотографии и видеа да бидат отстранети од Инстаграм.

Цукерберг се налути на многумина кога во 2018 година изјави дека мислењата што го негираат холокаустот не мора да бидат отстранети и дека сè додека не повикаат на насилство и не прават штета, можат да бидат заштитени.

По протестот, Цукерберг, кој исто така е Евреин, објасни дека, иако тој лично сметал дека „негирањето на холокаустот е длабоко навредливо“, тој верува дека „најдобриот начин за борба против навредливиот говор е добар говор“.

„Во Германија или Австрија, луѓето одат во затвор ако го негираат холокаустот“, рече еден преживеан, прашувајќи се како некој би можел да се сомнева во тоа.

Фејсбук во изјава соопшти дека ги отстранува постовите што го негираат холокаустот во земји каде што е нелегално, како што се Германија, Франција и Полска, додека во земји каде не е прекршок, како што се САД и Велика Британија, внимателно се следи за да се утврди дали ја преминува линијата на дозволеното.

На почетокот на јули, повеќе од 500 компании започнаа да избегнуваат рекламирање на Фејсбук со цел да ја принудат компанијата да заземе поцврст став против говорот на омраза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *