За здравјето на срцето, секогаш обидувајте се да заспиете во ова време

14 ноември, 20210
Screenshot_7

Научниците откриле дека заспивањето по полноќ или пак рано, пред 22 часот, е поврзано со околу 25 отсто зголемување на ризикот од кардиоваскуларни болести, во споредба со заспивањето помеѓу 22 и 23 часот. Ова зголемување на ризикот паднало на 12 проценти кај оние кои заспале помеѓу 23 и 24 часот.

 

Иако врската помеѓу спиењето и здравото срце е добро позната, истражувачите сè уште ги истражуваат деталите. Една нова студија објавена во European Heart Journal сугерира дека можеби постои оптимално време за заспивање, во рамките на нашиот 24-часовен биолошки часовник.

 

Се разбира, причините за лошото спиење не се секогаш во наша контрола. Па така, секој што се бори со својот сон треба да побара лекарски совет и да се фокусира на она што е потребно да го направи, она што му одговара, бидејќи од друга страна, диктирањето на одредено време за спиење може да биде контрапродуктивно за некои луѓе.

 

Но, за останатите од нас може да биде корисно да се знае дека заспивањето помеѓу 22 и 23 часот се чини дека е добра точка за здрав кардиоваскуларен систем.

 

– Телото има 24-часовен внатрешен часовник, наречен деноноќен ритам, кој помага во регулирањето на физичкото и менталното функционирање – вели психологот Дејвид Планс од Универзитетот во Ексетер.

 

Тој смета дека екстремите во легнувањето не се добри.

 

– Иако не можеме да повлечеме јасна причинска врска од нашата студија, резултатите сугерираат дека раното или доцното спиење е поверојатно дека ќе го нарушат телесниот часовник, со негативни последици за кардиоваскуларното здравје – вели Планс.

 

Анализирајќи ги податоците за акцелерометарот од 88.026 учесници во студијата Биобанк во Обединетото Кралство, истражувачкиот тим предводен од Шахрам Никбахтиан од компанијата за дигитална здравствена заштита „Huma Therapeutics AI“, успеал да го поврзе времето на спиење во една седмица со подоцнежните ефекти врз здравјето.

 

Тимот имал податоци од 3.172 случаи на луѓе со кардиоваскуларни болести, а учесниците ги следел цели шест години. Откриле дека заспивањето по полноќ или пак рано, пред 22 часот, е поврзано со околу 25 отсто зголемување на ризикот од кардиоваскуларни болести, во споредба со заспивањето помеѓу 22 и 23 часот. Ова зголемување на ризикот паднало на 12 проценти кај оние кои заспале помеѓу 23 и 24 часот.

 

 

 

– Најризичното време е после полноќ, затоа што може да ја намали веројатноста да се види утринската светлина, што го ресетира телесниот часовник – вели Планс.

 

Овој тренд продолжува и кога ќе се земат предвид возраста, полот, времетраењето на спиењето, да се биде ранобуден или ноќна птица, пушач или непушач, тежината, дијабетесот, крвниот притисок, нивото на холестерол и социо-економскиот статус. Трендот бил поизразен кај жените, но истражувачите сè уште не се сигурни зошто.

 

– Можеби има полова разлика во тоа како ендокриниот систем реагира на нарушување на деноноќниот ритам – сугерира Планс.

 

Но, тоа сè уште е дискутабилно.

 

– Од друга страна, постарата возраст на учесниците во студијата може да биде збунувачки фактор бидејќи кардиоваскуларниот ризик кај жените се зголемува по менопаузата, што значи дека можеби нема разлика меѓу жените и мажите – смета тој.

 

 

 

Студијата не може да утврди дали времето на спиење само по себе придонесува за срцеви заболувања. Веројатноста е дека повеќе придонесуваат други однесувања поврзани со останувањето будни до доцна, како што е излегувањето надвор за да се пие алкохол или стресот што ги држи луѓето будни.

 

Студијата исто така е ограничена според возраста, социоекономската и етничката припадност. Таа се однесува претежно на побогати бели луѓе на возраст од 43 до 79 години, така што можеби не мора да важи за другите демографија.

 

Бидејќи болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт во светот, вклучително и во САД, овој тренд дефинитивно вреди дополнително да се испита.

 

– Ако нашите наоди се потврдат во други студии, времето на спиење и основната хигиена на спиење би можеле да бидат достижна и не толку скапа цел на јавното здравје за намалување на ризикот од срцеви заболувања – заклучува Планс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi