Со оглед на тоа што аголниот тросед, каучот или било кој тип софа во дневната соба зазема централно место во оваа просторија и значи многу за целокупниот изглед на ентериерот, тогаш секако е важно секогаш да бидат беспрекорно чисти.
Домаќинките ќе се согласат дека чистењето на тапациран мебел никогаш не е лесна работа, особено сега кога времето е студено, а процесот на сушење е многу побавен.
Повеќето на крајот одлучуваат да потрошат прилично голема сума пари и да го однесат мебелот на длабинско перење.
Сепак, мебелот можете да го исчистите и освежите само со една работа. Таблетите за миење садови се исклучително разновидни средства за чистење кои ќе ви бидат корисни дури и ако немате машина за миење садови.
Пред да започнете со чистење, треба темелно да го исчистите мебелот со правосмукалка. Можете да користите специјални додатоци, како четки за чистење мебел, а особено е важно да се внимава на недостапните делови од мебелот во кои влегуваат трошки, остатоци од храна, хартии и друга нечистотија.
Сега кога мебелот е чист, следи последен чекор.
Во подлабок пластичен сад ставете една таблета за миење садови и прелијте ја со околу половина литар млака вода.
Таблетата сама ќе се раствори. Чиста памучна крпа натопете ја во вода, а потоа завиткајте ја околу капак за тенџере со средна големина и втријте ја на мебелот.
Доколку има постојани дамки на мебелот, пред триење можете да посипете малку сода бикарбона.
Повремено плакнете ја крпата во водата во која сте ја раствориле таблетата, а потоа продолжете со чистењето.
Мебелот брзо ќе се исуши, а резултатот сигурно ќе ве воодушеви.