Направете своја амајлија што ќе ви привлече пари.
Постојат различни талисмани за кои се верува дека привлекуваат пари, како што се кристали за изобилство, кинески монети во фенг шуи или фигура на жаба која, според кинеската традиција, носи прилив на пари во домот.
Покрај овие предмети, има и еден симбол кој со векови се смета за нешто позитивно и моќно – тоа е знакот на бесконечност.
Симболот на бесконечноста е еден од најстарите симболи што се користат во многу култури. Се смета дека носи позитивен поттик на енергијата и има посебно значење кога го носите како привезок на нараквица или црвен конец.
Овој симбол се користи за хармонија и рамнотежа, а се поврзува и со бројот осум, кој симболизира богатство и просперитет.
Според фенг шуи експертите, симболот на бесконечноста е во состојба позитивно да влијае на секој простор во кој ќе се најде.
Како да привлечете пари?
Постои симболика дека овој знак треба да се нацрта на парче хартија и да се носи во паричникот за да се привлече енергијата на изобилство и прилив на пари.
Можете да го украсите, да го обоите со вашата омилена боја или да дадете некој личен печат.
Ако често го цртате овој знак во вашиот планер или дневник, тоа може да доведе до успех, а ако го истакнете во спалната соба, ќе ја зајакне енергијата на љубовта меѓу партнерите.