Растот се појавува приближно две недели по боење на косата. Повеќето дами веднаш прибегнуваат кон повторно боење, што може да има исклучително лошо влијание на косата.
Наместо тоа, постојат два едноставни трикови со кои можете да го камуфлирате израстокот, а со тоа и да го одложите фарбањето за некое време.
Кој трик ќе го изберете зависи само од бојата на вашата коса.
Посветол израсток
Ако сте ја бојадисале косата за нијанса потемна од вашата природна, тогаш може да ви помогне сенката за очи, по можност што е можно повеќе слична на бојадисаната коса. Нанесете ја сенката на прамените со широка четка и покријте го израстокот на некое време.
Потемен израсток
Доколку, пак, сте ја обоиле косата за нијанса посветла од природната, бебешката пудра може да ви помогне. Покрај пудрата, добро решение може да биде и сувиот шампон. Како и во претходниот случај, нанесете го материјалот на косата со широка четка, како онаа за руменилото.
Дополнителен совет
Во продажба може да се најдат и специјални препарати за прикривање на израстоци во форма на спрејови или производи слични на маскара. Се произведуваат во различни нијанси, а го покриваат израстокот до следното миење на косата.
Покрај тоа, можете да направите прелив на фризер, а со тоа да го одложите боењето.