Новиот сој на корона ги исплаши научниците – иако се потврдени само 10 случаи

25 ноември, 20210
Screenshot_1

Нов сој на коронавирусот е откриен во ноември, доби шифра Б.1.1.529 и досега е евидентиран само кај десет пациенти. Сепак, експертите се плашат од фактот дека содржи дури 32 мутации.

 

Новиот сој првпат беше откриен во Боцвана, каде досега се откриени три случаи. Уште шест беа потврдени во Јужна Африка и еден во Хонг Конг, кај патник кој се враќал од Јужна Африка. Иако досега има само 10 потврдени случаи, научниците се загрижени бидејќи новиот вид на ковид носи „исклучително голем број“ мутации, што може да предизвика нови бранови на болести, пишува „The Guardian“.

 

Имено, Б.1.1.529 има 32 мутации во протеинот шилец, кој повеќето вакцини го користат за зајакнување на имунолошкиот систем против ковид. Овие мутации би можеле да ја зголемат способноста на вирусот да се шири, како и да им отежнат на имуните клетки да го препознаат и да го „нападнат“.

 

Рави Гупта, професор по клиничка микробиологија на Кембриџ, вели дека открил дека две мутации во Б.1.1.529 ја зголемиле инфективноста и го намалиле препознавањето на антителата.

 

„Ваквите мутации секако се причина за загриженост“, рече тој. „Сепак, клучното својство на вирусот што е непознато е неговата заразност“.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *