ПРЕПОЗНАЈТЕ ГО ЛАЖНИОТ НАКИТ! Бисерите шкрипат под забите како песок

25 ноември, 20210
315450_bracelet-4843864-960-720_f

Ако не купувате накит во докажани продавници за накит, никогаш не можете да бидете сто проценти сигурни дали навистина сте платиле за злато, сребро или дијаманти

Познато е дека постои лажен накит – среброто се продава како бело злато, наместо злато се прават легури, наместо вистински бисери бижутерија. Но, со неколку трикови дома, можете да ги проверите вашите вредни работи.

Железото или некоја друга легура со златна обвивка е многу честа појава во производството на накит. Без разлика дали имате вистински прстен или со позлата, тестирајте со магнет. Магнетот ќе го привлече позлатениот метал, но вистинското злато не.

Среброто и платината изгледаат слично, но овие два метали можат да се разликуваат благодарение на две карактеристики: среброто со текот на времето потемнува и е флексибилно, а платината ги нема тие својства.

Истријте го сребрениот накит со креда. Ако почне да потемнува, тоа е вистинско сребро.

Златниот накит може да се тестира со јод. Неколку капки јод треба да се капнат на стапче за уши и да се намачкаат на предмет за кој се сомневате дека не е направен од злато. Ако на накитот по триењето остане дамка, тоа значи дека не е од злато туку од некоја легура.

Ознаки за благородни метали

На секое парче накит за кое се тврди дека е од благороден метал треба да стои видлива ознака т.е. печат. Броевите се однесуваат на количината на благороден метал во накитот, на пример, ако прстенот е означен со 750, тоа значи дека прстенот е направен од 75 проценти благороден метал, 583 – 58,3 проценти од благороден метал. Ова се ознаки за одредени благородни метали.

Злато – 375, 500, 583, 585, 750, 916, 958, 999

Сребро – 800, 830, 875, 925, 960, 999

Платина – 850, 900, 950, 999

Капка јод на платина ќе остави темна трага – колку е потемна трагата, толку е поголем процентот на платина во парчето накит.

Лажното злато многу брзо потемнува во оцет. Во чаша истурете малку оцет и внатре ставете парче накит. Легурите ќе потемнат по пет минути.

Кога издишувате на вистински природен дијамант, тој нема да се замати бидејќи има висока топлинска спроводливост.

Вистинскиот смарагд не спроведува топлина, така што секогаш ќе биде ладен.

За да ја одредите автентичноста на бисерот, доволно е да се обидете да го гризнете. Ако е вистински, ќе почувствувате дека шкрипи како песок. Лажните бисери не шкрипат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *