Денеска официјално започнува зимата и овој ден е најкраткиот во годината.
Дополнително, со себе носи и некои карактеристики, бидејќи се состои од низа броеви 2112 кои имаат посебно нумеролошко значење.
Кога ќе ги собереме бројките од овој датум, го добиваме бројот 6 – хармоничен број што нè доведува во синхроницитет со природата.
Бројот 6 значи комплетност и достигнување на врвот на одредени животни полиња. Време е да се префрлиме од една состојба на живот во друга. Сега е време да ги искористите сите тие важни лекции и пораки од претходните искуства.
Во низата 2112, двојката претставува бројка што нè поттикнува да се фокусираме на вистинските вредности, планови и животни стратегии. Бројот 2 не охрабрува да им помогнеме на другите, да се посветиме на енергијата на љубовта и да го направиме она што е неопходно за да се остварат некои соништа. Исто така, ова е број на моќна женска енергија, па нè очекува ден полн со љубов, грижливи моменти и нежност.
Од друга страна, единицата е број кој симболизира нов почеток, момент кога вртиме нова страница во животот и се обидуваме да ги погледнеме работите од поинаков агол. Овде голема улога игра и зимската краткоденица, која на 21 декември ја носи најдолгата ноќ, а од неа произлегува и најголемото будење. Загледајте се во вашата душа, разбудете ги сопствените заспани сили и оживејте го делот од себе што ќе ви помогне да напредувате.
Овој ден е идеален да размислите како да ги постигнете своите цели и конечно да уживате во нивните плодови.