Скоро 1.000 луѓе над осумнаесет години учествуваа во истражувањето, а повеќе од половина од испитаниците дале потврдни одговори на прашањето како готвењето влијае на нивната врска.
Дали знаевте дека готвењето заедно може да ја зајакне вашата врска? Скоро 1.000 луѓе над осумнаесет години учествуваа во истражувањето, а повеќе од половина од испитаниците дале потврдни одговори на прашањето како готвењето влијае на нивната врска.
Скоро сите испитаници, 98 проценти од нив, сметаат дека комуникацијата е суштинска компонента на секој брак и дека заедничкото готвење е одличен начин да се поттикне комуникацијата.
Дури 87 проценти од испитаниците рекле дека веруваат дека готвењето е една од најдобрите активности со кои паровите можат да ја зајакнат својата врска.
Паровите мислат дека готвењето за партнер покажува љубов. Дури 56 проценти од мажите и жените рекле дека готвењето е нивна терапија, 30 проценти рекле дека оброкот што го готват заедно е подобар од сексот, а една четвртина признале дека се обидуваат да го заведат својот партнер со своите кујнски вештини.
Меѓутоа, ако не сте добар готвач, не грижете се, бидејќи тоа не значи дека вашата врска е осудена на пропаст. Експертите објаснуваат дека комуникацијата помеѓу партнерите е клучот за заедно да се готви. Затоа, прегрнете го вашиот партнер и разговарајте со него во кујната кога и да можете.