Многу лекари тврдат дека општата состојба на организмот зависи и од здравјето на цревата и дека е многу важно какви намирници користиме во исхраната.
Освен што се знак за силен имунитет, здравите црева се и клуч за добро расположение и убав тен.
Нутриционистите тврдат дека постои природен начин да ги заштитите вашите црева и да ги одржувате здрави, но дека за такво нешто е потребно да ги вклучите во исхраната и да користите повеќе од овие три намирници:
- Зелен зеленчук
Зелениот зеленчук е една од најважните намирници за правилна функција на дебелото црево. Нутриционистите ги препорачуваат сите видови зелка, вклучувајќи кинеска, но и спанаќ, целер, рукола, брокула, листови и корен од глуварче, блитва…
Овие намирници содржат пробиотици кои се многу важни за здрава цревна флора, што е клучно за добар имунитет, како и општата здравствена состојба на организмот. Зелените зеленчуци се богати со витамин Ц и хлорофил, како и со моќни антиоксиданси. Влакната од овој зеленчук придонесуваат за цревната подвижност, ги чистат цревата, но и го ослободуваат организмот од вишокот холестерол.
- Ферментирана храна
Нутриционистите тврдат дека вашите црева особено ќе се израдуваат на ферментирана храна, како што се: кисела зелка, јаболков оцет, кисели краставички и слично. Овој вид храна ја зголемува рамнотежата на пријателските бактерии во цревната флора, што помага да се запре репродукцијата на патогени во цревата.
- Мешунки и житарки
Оризот, особено темниот, хељдата, киноата, јачменот и просото, како и леќата, гравот, наутот, лененото семе, чиа семето и сусамот го обезбедуваат нашето тело со минерали, амино киселини и витамини. Ако ги вклучиме овие намирници што повеќе во исхраната, тоа е гаранција дека цревата ќе бидат поздрави и дека варењето ќе се регулира.