30 ГОДИНИ ПОМЛАДА: Сите мислеа дека по најубавата жена на светот нема да најде подобра, но потоа ја запозна неа

24 октомври, 2021
Tina-Kunakey

Винсент Касел и Тина Кунаки се пар кој привлекува внимание откако се дозна дека се заедно, а лошите коментари за нивните години воопшто не им пречат.

24-годишната манекенка Тина Кунаки постигна светска слава кога се заљуби во францускиот актер Винсент Касел.

Пред неа, актерот беше во брак со, според многумина, најубавата жена на светот Моника Белучи, а многумина мислеа дека по неа не може да најде подобра. Но, тогаш една млада и убава Бразилка влезе во неговиот живот.

Иако е 31 година помлада од него, на парот не им пречат негативните коментари кои се честа тема на светските медиуми и корисниците на социјалните мрежи. Тие се венчаа во Франција во летото 2018 година, а заедно во 2019 година ја добија ќерката Амазон. Нивниот дом е во Рио де Жанеиро каде често ги гледаме заедно на сончевите плажи каде Тина ги остава жителите без зборови со своето беспрекорно тело.

Vincent Cassel i Tina Kunakey

Инаку, актерот се разведе од поранешната сопруга Моника во 2013 година, а останаа во добри односи поради двете ќерки Леони и постарата Дева, која станува се побаран модел и веќе е муза на познатото Италијанско дуо Долче и Габана. Тие наводно живееле во отворен брак кој дозволувал сексуални односи со други луѓе, а актерката во една прилика им рекла на новинарите дека не очекувала нејзиниот сопруг да и биде верен доколку не го види три месеци.

 Tina Kunakey i Vincent Cassel

„Никогаш не знаеш колку долго ќе трае бракот. Денес функционира, но за една година… не знам“, би било урнебесно да се очекува Винсент да ми биде верен ако сме разделени неколку месеци“, Тој е многу секси, но не е нормален маж. Некогаш го обожавам, а некогаш сакам да го убијам“, беа само дел од изјавите на убавата актерка во текот на нивните заеднички години.

 Tina Kunakey i Vincent Cassel - Profimedia