Слики на Пикасо продадени на аукција: Еден портрет е платен неверојатни 40,5 милиони долари

24 октомври, 2021
tan2021-10-24514359783-830x0

Сликите ги красеа ѕидовите на хотелот Белаџо

На аукцијата „Сотби“, која се одржа во Лас Вегас, 11 слики и цртежи на Пикасо се продадени за повеќе од 100 милиони долари.

Овие слики неколку години ги красеа ѕидовите на хотелот Белаџо во тој град, а сега се најдоа на аукција, објави Ројтерс.

Хотелот има уште 12 цртежи и слики на Пикасо кои ќе продолжат да бидат изложени во тој објект.

Највисока цена на аукцијата постигна портретот на музата и љубовница на Пикасо, Мари-Терез Валтер, кој беше продаден за 40,5 милиони долари.

Имињата на купувачите не се објавени.

escort - Korsan taksi