Рамни или степенасти, шишките може да дадат посебен шарм и софистицираност на женското лице
Лицето со високо чело и шишки делува изедначено, затоа фризерите го користат ова како еден од триковите за визуелно да ги балансираат контурите на лицето и да им направат на дамите атрактивна фризура.
Иако момнтално најголем хит се таканаречените „завеса“ шишки, интересно е да се видат и во други варијанти.
1. Шишки со прамени
Должината на шишките е важна, но прамените го „отвораат“ лицето на нежен начин. Особено се интересни фризури со шишки од повеќе контрасти во боја.
2. Рок стил
Погусти шишки, неуреден изглед, се дел од светот на рокерските фризури. Ваквите фризури никогаш не излегуваат од мода.
3. Шишки со венче
Овој тип на фризура им дава на контурите посебен шарм, бидејќи шишките ги покриваат аглите и го прават лицето визуелно издолжено. Одделете ја косата со венче и оставете ги шишките напред.
4. Шишки со пунџа
Висока пунџа со шишки е една од фризурите кои се многу популарни во деновите на прослави и излегувања.