НАЈУБАВАТА ФРАНЦУСКА САЛАТА ШТО НЕКОГАШ СТЕ ЈА ПРОБАЛЕ: Сите ќе ви го бараат овој рецепт!

22 октомври, 2021
177517_shutterstock-336674702_ls

Состојки:

450 гр замрзнат или свеж зеленчук (моркови, компири, грашок)
6-7 јајца
1 јаболко
мајонез околу 200 гр
1 лажичка сенф
330 гр кисели краставички
лажица сув зачин

Подготовка:

Гответе замрзнат или свеж зеленчук во вода во која сте додале една лажица сув зачин 8-10 минути. Јајцата посебно сварете ги во посолена вода да бидат „тврди“, па исчистете ги и исечкајте ги.

Јаболкото излупете го и исечете го на ситни коцки, исечете ги киселите краставички. Измешајте го зеленчукот со краставиците, јајцата и јаболката. Додадете мајонез и сенф. Нежно измешајте ги сите состојки и ставете ја салатата во фрижидер да се излади и состојките да се впијат.

Ова е основата за оваа салата, секако рецептот може да се прилагоди, па слободно внесете ја вашата креативност и препуштете се на вашата фантазија: со мајонез, измешајте, на пример, ситно сечкан магдонос, босилек, млад кромид, каперси или по желба додадете повеќе кисели јаболка, павлака или повеќе сенф или кисели краставички.

Пријатно!

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris