После ова НИКОГАШ нема да го запалите греењето во спалната соба: Еве зошто е поздраво да спиеме во ЛАДНА просторија

popara22 октомври, 20211min0
1059_ashley-byrd-o1w8nhwcgyi-unsplash_f

Температурата од 18 степени Целзиусови може да значи разлика помеѓу лошиот и мирниот сон, забележуваат експертите. Спиењето во постудена соба ни помага да останеме свежи и да изгледаме помлади. Исто така, пониската температура го стимулира производството на мелатонин, кој уште се нарекува и хормон за спиење на телото. Тој е и антиоксиданс, што значи дека служи како хормон против стареење.

Спиењето во постудена соба исто така може да помогне да се спречи несоница. Истражувањата истакнуваат дека неколку форми на несоница всушност се поврзани со повисоки температури на телото. Многу луѓе со несоница имаат потешкотии да ја регулираат телесната температура, ограничувајќи ја можноста за губење топлина.

Повисоките температури значат дека телото ослободува повеќе стрес хормони – кортизол. Поладна соба помага во одржување на нивото на кортизол, што значи помалку стрес и подобар квалитет на сон.

Спиењето во ладна соба може да ги намали и шансите за развој на метаболички болести како што е дијабетесот. Исто така, го подобрува нивото на хормонот за раст, кој помага да се спречат срцеви заболувања, депресија и дебелина. Зголемениот мелатонин го намалува и ризикот од Алцхајмерова болест.

Една од придобивките од спиењето во постудена соба е тоа што спречува габични инфекции. Конечно, спиењето во ладна соба може да има смирувачки ефект, што може да помогне во борбата против болката и воспалението, кои инаку би можеле да го прекинат сонот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma