Градот во кој температурите се толку високи што луѓето живеат под земја!

22 октомври, 2021
61458770 (1)

Coober Pedy е рударски град среде пустина во сојузната држава Јужна Австралија, која е оддалечена 846 километри од Аделаида.

Има околу 3.500 жители, а најголем дел се вработени во рудникот за опал. Покрај тоа, Coober Pedy понекогаш се нарекува престолнина на опал, бидејќи го опфаќа најголемиот рудник на овој скапоцен камен во светот.

Иако просечните температури се околу 30 степени Целзиусови, во летните месеци термометарот може да покаже и до 20 степени повисоко. Покрај тоа, дождовите се многу ретки, така што најголемиот дел од населението живее под земја.

Подземни апартмани, уметнички галерии, кафулиња и цркви се опремени со сите важни потреби, од електрична енергија и вода до интернет. Ним им недостасува само сончева светлина. Ако нема друга причина, населението мора да излезе на површина за храна бидејќи и двете продавници за храна се наоѓаат над земја.

Поради својот необичен начин на живот, но и по завршувањето на автопатот Стјуарт, Coober Pedy стана лесно достапна туристичка љубопитност што ја посетуваат многу луѓе од целиот свет. Но, тоа не е евтина авантура.

 

На пример, за една ноќ во подземните соби во хотелот Desert Cave, треба да платите околу 6000 денари по лице.

Погледнете ја нашата фотогалерија и видете како изгледа животот во австралиското подземје.