ВАКВО НЕШТО ДОСЕГА НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ: Печени плескавици со сирење и печурки! (ВИДЕО)

22 октомври, 2021
Screenshot 2021-10-22 110603

Подгответе сè во еден оброк

Вака подготвената плескавица ќе стане вашето омилено јадење.

Направете ги од мелено месо, леб и кромид, па прелијте ги со совршено вкусен сос од зеленчук и мајонез, а потоа посипете со рендано сирење. Кога ќе го испечете во рерна, добивате интересен оброк кој може да се послужи на славска или празнична трпеза. Подготовката не одзема многу време, па можете да заштедите кога сте во брзање. Јадете и за ручек, само со салата, бидејќи во ова јадење имате и месо и прилог.

Состојки:

600 гр мелено месо

1 кромид

3 чешниња лук

2 парчиња леб

150 гр сирење

За фил:

300 гр печурки

1 морков

2 главици кромид

1 јајце

2 лажици мајонез или павлака

Подготовка:

Лебот исечкајте го на коцки и прелијте го со вода.

Исцедете го, па ставете го во блендер и додајте ги лукот и кромидот.

Добиената каша истурете ја во меленото месо.

Додадете сол и бибер по вкус, па соединете.

Направете поголеми ќофтиња, а потоа направете плескавици користејќи тркалезен калап.

Се редат во тава обложена со хартија за печење.

Исечкајте ги печурките и кромидот, и изрендајте ги морковите.

Пропржете ги кромидот и печурките, па истурете ги во сад.

Додадете ги морковот и јајце, сол и бибер, па додадете мајонез/павлака.

Сè добро измешајте.

Прелијте го филот врз плескавиците, па секоја посипете ја со рендано сирење.

Печете на 200 °C околу 20 минути.

Пријатно јадење!

escort - Korsan taksi