Горда е на својата ќерка која креираше ИМПЕРИЈА: Крис Џенер сподели трогателни семејни фотографии на посебен ден

22 октомври, 2021
152145_kris-dzener_ff

Ријалити ѕвезда, претприемач и една од најмоќните жени во светот на шоу-бизнисот – Ким Кардашијан денеска го слави својот 41 роденден, а целото семејство преку социјалните мрежи споделува емотивни фотографии на кои е прикажана нивната идилична врска.

Најгорда на нејзината наследничка секако е нејзината мајка Крис Џенер, која отсекогаш верувала дека Ким ќе направи несекојдневна кариера, а овие спомени ги разнежниле нејзините следбеници ширум планетата.

“Среќен роденден на мојата прекрасна ќерка! Не можам да верувам колку брзо минува времето! Животот ти е полн со неверојатни работи што сакаш да ги правиш, особено за твоето семејство, твоите деца и другите кои дури и не знаат дека ти помогнале. „Секогаш си во движење, правиш работи за мене, за твоите браќа и сестри и за целото семејство. Имаме среќа што те имаме во животот. Ти си најневеројатната мајка, ќерка, сестра, тетка и личност од доверба. Благодарам за ова неверојатно патување на кое сме заедно, што беше најспектакуларниот деловен партнер, што заедно ги бркавме твоите соништа и за секој спомен што го споделуваме заедно. Исклучително сум горда на тебе, моја прекрасна ќерко. Толку сум благословена што Бог избра јас да бидам твоја мајка“.

Сестрите Клои, Кортни, Кендал и Кајли се придружија на честитките за роденденот, а братот Роб не остана без прекрасни зборови.

Ким е горда мајка на четири деца кои ѝ се неисцрпна инспирација, а изгледа дека ѝ оди по план во сите области од животот, освен во љубовта.