7 градови кои потсетуваат на бајка: Ако не посетите барем еден од нив, многу ќе пропуштите

29 април, 2021
foto-pixabay-ellenchan-830x0

Секој град има своја историја. Само некои од нив успеаја да ја зачуваат својата автентичност

Задскриени во неверојатни предели, необична архитектура, некои градови во светот просто ве канат да ги посетите.

Ова се само некои од нив:

Ротенбург, Германија

Сместен на бреговите на реката Таубер, градот Ротенбург со својата добро сочувана архитектура, сведочи за животот во 17тиот век.

Бањоне, Италија

Поради својата спектакуларна локација, во пределите на Апенините, овој италијански град се смета за бајковит. Освен шармантните калдрмени улици, тој е познат и по својот прекрасен замок.

Гокајама, Јапонија

Ни една шајка не била користена за изградбата на куќите и другите градби во овој јапонски град. Токму поради својата единствена градежна техника, Гокајама е дел од Светското културно наследство.

Посебно е интересно поради светло обоените градби, но и затоа што можете да видите како напредувал целиот регион низ историјата.

Егуисхајм, Франција
Ако го посетите овој француски град, може да помислите дека сте залутале во книга со слики. Лозјата и ридовите што го опкружуваат го прават овој предел особено привлечен.

Манарола, Италија
На врвот на ридот се наоѓа село, за кое се верува дека е изградено во текот на 13 век.

Халштат, Австрија

Еден од можеби најинтересните градови во Австрија, се карактеризира со недопрени предели. Халштат се наоѓа во источниот дел на Алпите.

Комбинацијата на тесни долини и средновековната архитектура е она што му дава посебен шмек на овој град.

Монемвазија, Грција

Слободниот превод на името на овој необичен грчки град е „една врата“. Токму тоа и живописно го покажува изгледот на градот, бидејќи единствениот пристап е преку мал насип.

escort - Korsan taksi