Актерката повеќе не сака да снима секс сцени во филмови кои ги режираат мажи
Кеира Книтли откри зошто одбива да снима секс сцени во филмови во режија на машки режисери.
Актерката претходно изјави дека почнала да избегнува голотија на екранот откако родила две деца, а сега вели дека не сака да снима сексуални сцени во режија на мажи.
„Не ми се допаѓаат машките погледи за време на снимањето. Ако работам приказна во која се зборува за мајчинството и прифаќањето на телото по породувањето, таа ќе треба да ја режира жена”, рече Кеира.
„Не сакам да бидат оние ужасни секс сцени каде сите се нервозни и сите негодуваат. Не ми е гајле за тоа”, рече 35-годишната актерка.
“Не бегам од фактот дека овие сцени се потребни во некои филмови. Така, можете да користите некој друг, а моето тело по две раѓања не е исто и само би сакала да не стојам гола пред група мажи”, заклучи актерката.