БЕШЕ во брак четири месеци, а неговото богатство се проценува на 100 милиони долари! Жените лудуваат по Бредли Купер, а еве и ЗОШТО

5 јануари, 2021
103169_br15_f

Режисерот, актер и музичар Бредли Купер е дел од Холивуд последните 20 години, а зад себе има голем број успешни улоги.
Сигурно не сте го знаеле ова за Бредли Купер:

Кога бил дете, сонувал да замине во Јапонија и да стане нинџа.

Во 2006 година тој се ожени со актерката Џенифер Експосито, а нивниот брак траеше 4 месеци.

Роберт де Ниро е негов идол и инспирација, и тие работеа заедно на филмовите „Limitless“ и „Silver Linings Playbook“.

Одлучи да стане актер веднаш по колеџот, студира англиски јазик и се запишува на постдипломски студии по уметност во Њујорк.

Течно зборува француски јазик и дава интервјуа за француските медиуми без преведувач.

Тој знае да готви, па затоа вежбал дури и со познат готвач, а вели дека му се допаѓа кога состојките од фрижидерот ги претвора во нешто.

Тој е еден од најуспешните и најплатените актери во светот, а неговото богатство се проценува на 100 милиони долари.

Група негови обожаватели се вика „Мини Куперс“.

Кога беше прогласен за најсекси маж на светот во 2011 година, според магазинот „Пипл“, тој изјавил дека навистина му се допаѓа тоа што маж кој не изгледа како модел може да ја добие таа титула.

Мајката често ја носи со себе на премиери и церемонии на доделување награди и има многу блиски врски со семејството.

Тој доживеа многу одбивања за улоги во неговата кариера, особено на почетокот.

За улогата во филмот „Американски снајперист“, тој успеа да стави 18 килограми мускул на себе, трошејќи 5.000 калории на ден.

Тој не конзумирал алкохол и е трезен од 2004 година, кога престана да пие на 29-годишна возраст, бидејќи тоа негативно влијаеше на неговата кариера.

Неговата прва професионална актерска работа беше улогата во серијата „Сексот и градот“.

Тој не е активен на социјалните мрежи и сака да си ја чува приватноста за себе.