Човекот кој на Болдвин му го даде пиштолот и порано имал слични инциденти – пиштолот „случајно“ пукал

27 октомври, 2021
alek-boldvin-1-696x391

Веста дека актерот Алек Болдвин ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот ја шокираше светската јавност.

 

Секојдневно излегуваат нови информации во врска со случајот со смртта на директорката на фотографија Халина Хачинс, која беше убиена на снимањето на филмот на холивудскиот актер Алек Болдвин од пиштол што требало да биде реквизит во филмот.

 

Пиштолот на Болдвин му го дал помошникот режисер Дејв Халс. Во медиумите беше објавено дека, според она што е внесено во судската евиденција, тој не знаел дека во пиштолот има вистинска муниција.

Пиштолот наводно му бил предаден на Болдвин со зборовите дека „оружјето е ладно“, што во филмски жаргон значи дека во него нема муниција.

 

Сепак, сега се појавуваат нови детали за Халс, кои би можеле да фрлат ново светло на трагедијата.

https://www.instagram.com/p/CVbnqQMgkcK/?utm_source=ig_embed&ig_rid=848994f7-4659-4927-869d-7133c1b60b9b

 

Како што пишува Си-ен-ен, членовите на филмските екипи се жалеле на Халс во две претходни филмски продукции, во 2019 година, поради проблемите со безбедноста на снимањето и поради неговото однесување на снимањето. Тоа за Си-eн-eн го изјавиле две лица кои тесно соработувале со него.

 

Во 2019 година, Халс бил асистент режисер на сетот на „Патот на слободата“. И тогаш пиштолот „пукнал неочекувано“, но член на тонската екипа успеал навреме да се повлече од експлозијата. Продукцијата веднаш била прекината, а тонецот веднаш бил прегледан од лекар на снимањето и советуван да побара подетална лекарска помош. Тој се вратил во продукцијата неколку дена подоцна, пишува Си-ен-ен.

Дејв бил отстранет од сетот по инцидентот и отпуштен од продукцијата, соопшти студиото „Рокет соул“.

 

– Снимањето продолжи дури откако Халс ја напушти работата. Потоа беше поднесена и пријава за инцидентот. Дејв многу се каеше за немилиот настан и ги разбра причините поради кои доби отказ. Ангажиравме нов помошник-режисер и нова личност која беше задолжена за оружјето, а продукцијата на филмот беше успешно завршена – известија од компанијата.

 

Поплаките против помошникот режисер Дејвид Халс вклучуваат непочитување на безбедносните протоколи за употреба на оружје и пиротехнички средства, блокирани противпожарни излези и примери на несоодветно сексуално однесување на работното место.

 

Меги Гол, лиценцирана пиротехничарка која работи на производство на реквизити за филмски сетови, во изјавата за Си-ен-ен рекла дека за време на работата на антологиската серија „Into the Dark“ во 2019 година, Халс го занемарил одржувањето на безбедносните состаноци и не ѝ најавил на филмската екипа присуство на огнено оружје  на снимањето, што морал да го направи според безбедносните протоколи.

https://www.instagram.com/p/CVfU3Psg6bT/?utm_source=ig_embed&ig_rid=a325346e-5fdf-4a21-99f2-ca2fe68572a0

 

 

Таа додава дека мајсторот за реквизити кога пиштолот бил потребен за пукање, тоа редовно го објавувал, како и дали се работи за пластична или гумена реплика.

 

Според неа, мајсторот на реквизитите често го предупредувал Халс дека не ги враќа реквизитите, вклучително и оружјето и дека не дава безбедносни соопштенија.

 

Гол исто така ја опишува ситуацијата кога на лиценцираниот пиротехничар на сетот му била потребна итна медицинска интервенција, а Халс барал од неа да продолжи со снимањето.

escort - Korsan taksi