Живееше како бездомник, но и како милионер, најмногу сака да биде сам, нема среќа во љубовта, но една актерка секогаш ќе ја смета за најпосебна жена на Светот. Тој од секогаш знаеше дека ќе биде комичар, и покрај сè, го следеше својот сон. Станува збор за славниот Џим Кери. Тој го слави својот 59-ти роденден оваа недела, па еве помалку познати детали од неговиот живот.
1. Комедија во крвта
Роден е во Њумаркет, северно од Торонто, а започна да се занимава со комедија од рана возраст. Кога имал 10 години, тој ја испратил својата биографија во тогашната телевизиска хумористична претстава „The Carol Burnett Show“. Во средно училиште, наставниците му даваа по неколку минути на крајот од часот за да ги забавува соучениците со неговиот стенд-ап перформанс.
2. Бездомништво
Неговото семејство помина низ тешки времиња и беше принуден да се пресели во предградието на Торонто во Скарборо, каде што работеше безбедносна и пожарникарска работа во фабриката „Titan Wheels“, а започна да работи осумчасовни смени секој ден после училиште. На крајот, привремено сместувајќи се во семејно комбе Фолксваген на тревник од еден братучед, тие станаа бездомници. Во едно интервју, потврди дека тоа е крајно трауматичен период од неговиот живот.
3. Вратар
Тој бил принуден да го напушти училиштето на 15-годишна возраст за да му помогне на семејството и да се вработи како вратар. Самиот изјави дека веројатно и денес би работел во фабриката за челици „Dofasco“ во Онтарио, доколку неговата кариера во шоу-бизнисот не беше реализирана.
4. Лажен чек
На почетокот на својата актерска кариера, тој напиша чек од 10 милиони долари, си даде три години да заработи толку многу и го зачува во паричникот. На Денот на благодарноста 1995 година, тој го одвитка преклопениот чек. Непосредно пред празниците, дозна дека ќе заработи 10 милиони долари за легендарниот филм „Глупавиот и поглупавиот“.
5. Лос Анџелес
Тој ја започна својата кариера во клубови на комичари, имитирајќи познати личности како Мајкл Лендон и Џејмс Стјуарт. Потоа се преселил во Лос Анџелес и започнал да работи во клубот на комичари „The Comedy Store“, каде што бил забележан од комичарот Родни Дангерфилд. На Денгерфилд толку му се допадна глумата на Кери што потпиша договор со него за неговите настапи на отворено гостување.
6. Филмска sвезда
Кери започна да работи повремено на телевизија и да игра мали улоги во филмови, што на крајот го доведе до пријателство со Дејмон Вајанс, кој го вклучи во комичното шоу „In Living Color“. Тој успех го доведе во 1994 година до неговата прва главна улога во филмот „Ace Ventura: Crazy Detective“, кој стана голем хит. Веќе во истата година, тој имаше уште две главни улоги во филмовите „Маска“ и „Глупавиот и поглупавиот“, што му донесе милионска плата и статус на филмска sвезда.
7. 20 милиони долари
Следната година, тој глуми во „Бетмен засекогаш“ и ја репризира улогата на глупав детектив во „Ace Ventura: Crazy Detective“. Во 1996 година тој глумеше во „Неподнослива досада“, за кој доби 20 милиони долари, што беше рекордна плата за комичар, но филмот беше тотален неуспех на кино-благајните. Но, веќе следната година, се врати со успешната комедија „Лажго“.
8. Без Оскар
Главната улога во смешната драма „Truman’s Show“ му донесе Златен глобус за најдобра машка улога во драма, а многумина предвидоа номинација и за Оскар, но тоа не се случи. Следната година играше во „Човек на Месечината“, што му донесе уште еден Златен глобус, овојпат за најдобра машка улога во комедија, но повторно не беше номиниран за Оскар. Тој доби бројни пофалби од критичарите за неговата улога во филмот „Вечниот сјај на непобедливиот ум“ во 2004 година.
9. Рени Зелвегер
Тој исто така изјави дека неговата поранешна девојка секогаш ќе има посебно место во неговото срце. Станува збор за актерката Рени Зелвегер, со која излегувал само една година откако се запознале во 2000 година на снимањето на филмот „Јас, јас и Ирена“. Кери има два неуспешни брака, со Мелиса Вомер од 1987 до 1995 година, со која ја има ќерката Џејн Ерин и со Лорен Холи, од 1996 до 1997 година.
10. Бурно минато
Помалку е познато дека зад себе има бурно љубовно минато. Тој беше во врска со 16-години постарата пејачка Линда Ростадт, со која се забавуваше кога само се пробиваше со глумата во Холивуд.
„За некои, нашата врска изгледаше чудна поради разликата во возраста, но таа се однесуваше кон мене со почит“, прокоментира Џим.
11. Без среќа во љубовта
Неговата поранешна девојка Катриона Вајт почина во 2015 година по предозирање со дрога. Нејзината мајка и сопругот од кој се разведе го обвинија актерот дека ја заразил Кетриона со три сексуално преносливи болести и дека ѝ набавил лекови со кои се самоубила. Судот ги отфрли сите тие обвинувања, а потоа актерот одлучи да поднесе противтужба. Неговиот аргумент бил дека семејството на починатата девојка се обидувало да го уценува и да извлече пари. Тој беше депресивен и не се гледаше со никого до почетокот на 2019 година, кога се сплетка со актерката Гинџер Гонзага на снимањето на детската серија „Kidding“. Но, ниту таа врска не траеше долго – парот раскина во октомври истата година.
12. Tupac
Популарниот изведувач Tupac еднаш рече дека Кери му е омилен актер, по што Кери му испрати писма за да го расположи додека беше во затвор.
13. Скршени ребра
Колку тој е посветен на добар кадар, најдобро покажуваат сведоштвата од снимањето. Имено, во филмот „Лажго“ го игра Флечер, кој во една сцена се тепа самиот себе во тоалетот. За таа сцена не беа користени дополнителни звучни ефекти затоа што ударите на Кери беа прилично силни. Во филмот „Кажи да“, главниот лик Карл удира во келнерка во кафуле и паѓа на подот. Кери за прв пат погрешно ја снимил сцената и скршил три ребра кога паднал.