Десерт од фантазијата на секој гурман: Чизкејк со два крема и тајна есенска состојка!

popara24 октомври, 20211min0
329999_cizkejk-od-bundeve-shutterstock-1810131319_ff (1)

Тиквата стана нашата омилена состојка во повеќето колачи! Иако од неа можете да направите солени специјалитети, во комбинација со неколку состојки, дава феноменални десерти во кои можете да уживате.

Покрај есенскиот колач со тиква, кој редовно ќе го јадете во сезоната на тиква, пробајте го и чизкејкот од тиква:

Состојки:

300 гр мелен кекс или бисквити
70 гр путер
половина кг крем сирење
120 гр пире од тиква
2 јајца
100-120 гр шеќер
половина лажичка екстракт од ванила
половина лажичка цимет

Подготовка:

Растопете го путерот и измешајте со мелените бисквити. Истиснете го во кружен калап и убаво наредете.

Крем сирењето, ванилата и шеќерот изматете ги со миксер. Додадете едно по едно јајце и промешајте. Одделете, приближно, една чаша од смесата и истурете го белиот крем врз бисквитите. Со остатокот од смесата измешајте ги пирето од тиква и циметот, па прелијте го како уште еден слој.

Печете на 170 степени околу 40 минути или додека не видите дека е готово.

Послужете кога тортата ќе се излади, и најдобро е да ја оставите преку ноќ во фрижидер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma