ДЕСЕРТ ЗА СИTE СЕТИЛА: Мафини од бадемово брашно! Идеално колаче за оние кои се на диета!

popara4 февруари, 20211min0
десерт главна

Мафините направени од брашно од бадем не содржат лактоза или пченица, поради што се варат лесно, пишува австралискиот портал „најдобри рецепти“.

Состојки:

  • 2 чаши брашно од бадем
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 прстофат сол
  • 1/4 чаша вода
  • 1/4 чаша маслиново масло
  • 1/3 чаша шеќер
  • 3 јајца
  • 1 чаша боровинки

Постапка:

Во сад измешајте ги сите состојки освен боровинките и внимателно измешајте ја смесата, а потоа истурете ја во калапите. Посипете боровинки врз смесата. Печете на 180 степени околу 20 минути.