Два и пол милиони лајкови за новогодишната фотографија: Сопругата на Бибер позираше заедно со него во провокативен фустан со длабоко деколте (ФОТО)
Мини црниот фустан со доста длабоко деколте привлече големо внимание
Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли секојдневно ги инспирираат своите обожаватели на социјалната мрежа Instagram со љубов.
На новогодишната ноќ, среќната двојка беше, се разбира, заедно, а иако не отидоа на гламурозниот прием, нивниот изглед беше токму тој – гламурозен.
Џастин облече костум, додека Хејли ги воодушеви следбениците со провокативно издание.
Мини црн фустан со длабоко деколте околу градите привлече внимание, а комплименти само се нижеа.
„Убава си“, „Боже, колку си убава“, „Пред сѐ си убаво суштество, но изгледаш волшебно“, се само дел од коментарите на воодушевените обожаватели.
За новогодишната фотографија, Џастин и Хејли добија два и пол милиони лајкови за помалку од 24 часа.