Џенифер Лопез се појавува целосно гола во својот нов спот за песната „In The Morning“.
И кога ќе помислиме дека пејачката и актерка Џенифер Лопез не може да нѐ изненади со ништо повеќе, таа ни подготвува нешто ново и го остава целиот Свет без зборови. Така беше и со новото музичко видео во кое реши да се соблече го гола кожа, откривајќи го мускулестото тело на кое работи напорно во теретана и предизвикува завист на дупло помладите колешки.
51-годишната Џенифер реши да се појави повторно како од мајка родена со ангелски крилја во спотот за нејзината нова песна „In The Morning“, со која се пофали и на својот Instagram. Видеото трае три минути, а Џенифер, меѓу другото, вешто ги крие своите стратешки места во него, за да не им покажува премногу на милионите фанови.
„Одземаш здив“, „Ангел си, не си пристигнала од овој свет“, „Ти благодарам за ова ремек-дело“, „Не можам да престанам да те гледам“, „Ова е твоето најдобро издание“, „Каква магија, ова не е нормално“. ! “, Дали си вистинска?”, се само некои од илјадниците коментари што ѝ пристигнуваат.
Ова не е прв пат Џенифер да се соблече гола, но многумина се прашуваат дали навистина е можно да изгледа толку добро на нејзините години. Но, зад сето ова има многу пожртвуваност и секојдневно вежбање, а ако има мала неправилност тука и таму, нема Фотошоп што не може да го реши тоа. Но, и покрај ова, строгиот режим на Џенифер е за восхит, и со право.
Во тоа и помагаат личните тренери Дејвид Кирш и Трејси Андерсон, исхрана која вклучува дневно внесување од 1.400 калории, веганска детоксикација, целосно елиминиран кофеин, алкохол, избегнување силна сончева светлина и конзумирање големи количини на вода.
“Јас сум стопроцентно убедена дека вежбањето ме прави среќна. Танцувањето отсекогаш било огромен дел од мојот живот, а одвојувањето време да тренирам е добро за мене”, рече Џенифер пред неколку години во интервју за “US Weekly”.