Американската актерка Џејми Ли Кертис во интервју за магазинот AARP откри дека нејзиното најмало дете е трансродова личност.
Таа раскажа како детето што го има со сопругот Кристофер Гест го сменило полот од машко во женско, а го откри и неговото име.
Сега за прв пат Џејми Ли Кертис и нејзината ќерка Руби разговараа за магазинот People на оваа тема и гордо позираа заедно.
Минатата година, Руби ги покани своите родители во дворот на нивниот семеен дом во Лос Анџелес да разговараат за ова прашање. „Беше страшно – само фактот што им кажав нешто за мене што тие не го знаеја, но не бев загриженА. Имаа разбирање за мене цел живот“, изјави Руби во интервју за People.
Немала храброст да им каже во лице, па ѝ испратила порака на мајка си која веднаш и се јавила, а потоа и двете заплакале.
За време на интервјуто, актерката детално го опиша процесот на учење и прилагодување што беше клучно за да може да ја поддржува својата ќерка. Џејми верува дека заедно со Руби може да направат многу добро за трансродовата заедница.
Руби истакна во едно интервју „Помагањето на другите е нешто што секој треба да го направи. Мислам дека тоа не е само нашата семејна работа. Тоа треба да биде човечка работа. ‘
Зборувајќи за прифаќањето, Џејми продолжи: „Тоа е учење нова терминологија и зборови. Јас сум нова во тоа. Јас не сум некој што се преправа дека знае многу за тоа. И ќе грешам. Би сакала да се обидам да избегнам големи грешки“.
Таа веќе научи неколку работи. „Стануваш малку посвесен за тоа што го кажуваш. Како го кажуваш тоа. Сè уште грешам, денес направив две грешки. Ние сме луѓе. Ако само една личност го прочита ова, види слика од мене и Руби и рече: „Слободен сум да кажам кој сум јас“, тогаш вреди.“
Дури и за Руби, признавањето на нејзиниот идентитет не беше лесно. „Имав негативно искуство во терапијата, па не излегов во јавност веднаш, кога веројатно требаше. Потоа, седум години подоцна, тогаш уште како Том, му реков на лицето кое сега е мојот свршеник дека веројатно сум транс, и тој ми рече: „Те сакам таква каква што си“.
Пред да го промени своето име во Руби, се викаше Томас. За Џејми, прифаќањето на промена на името беше „најтешката работа“. „Името кое сте го дале на детето и така сте го викале цел живот веќе не постои. На почетокот тоа беше предизвик. Потоа заменката. Мојот сопруг и јас сè уште правиме грешки од време на време.“
На прашањето дали се сомнева дека Руби е транс, Џејми одговори дека не е, но потсетувајќи се на нејзиното детство, таа тврди дека има знаци кои навестувале на тоа.
Откако Џејми објави интервју и фотографија на Инстаграм. почнаа да пристигнуваат пораки за поддршка од колегите актери како Мелани Грифит, Патриша Аркет и Том Арнолд и новинарите Мари Шрајвер, Кејти Курик и Луис Стејплс.