Рибата треба да биде во вода, а не во масло, но добро внимавајте на уште нешто што пишува на конзервата
Нашиот пазар е преплавен со конзервирана риба од различни производители. Голем број луѓе често јадат конзербирана туна или сардина. Овие риби се одличен извор на витамин Д, железо, витамин Б12, но не е сеедно какви ќе купите.
Рибата треба да биде во вода, не во масло, но внимавајте на уште нешто што е напишано на конзервата. Џенифер Фиски, диететичарка од Далас, објасни каква конзерва риба никогаш не треба да купувате.
Таа подвлече три букви кои не треба да бидат на лименката, односно ве советува да барате лименки на кои јасно е назначено дека не содржат „BPA“.
Супстанцијата бисфенол А (БПА) се врзува за мастите, затоа барајте туна или сардини на кои пишува дека не ја содржат таа хемикалија. Доколку имате можност, купете риба во тегла, а не во конзерва“, вели таа.
Бисфенол А е супстанца за која многу се зборува во последните дваесет години. Се зема во прекумерни количини, може да го наруши балансот на хормоните, поради што е забранета во некои производи, како што се шишињата за бебиња.