Облеката се оштететува и од фармерките со метален патент, долги нокти или поради куките од градниците на кои може да се закачи кога се пере, а неколку мали дупки едни до други значат дека имате молци.
За многумина, дупките што се појавуваат сами на маиците се една од најголемите модни мистерии, а основачот на брендот America Giant објасни што ги предизвикува.
Бајард Винтроп вели дека мали дупки секогаш се формираат онаму каде што надворешната облека се фаќа за фармерките и ременот, предизвикувајќи ткаенината брзо да се истроши и да се искине.
„Триењето што се повторува со текот на времето предизвикува влошување на ткаенината“, вели тој, објаснувајќи што можеме да сториме, а да не се откажеме од фармерките или ременот.
– Обично, најголем виновник е ткаенината од која се прави маицата или џемперот, бидејќи многу производители буквално ја разредуваат ткаенината каде што е можно поради мали заштеди.
– Барајте облека на која пишува од какви видови памук се направени, а сè што има подолги памучни влакна е поквалитетно – вели Винтроп.
Тој додава дека облеката се оштететува и од фармерки со метален патент, долги нокти или поради куките од градниците што можат да се закачат при перењето, а доколку најдете неколку мали дупки една до друга на облеката, тоа значи дека имате молци и проблемот треба да се реши поинаку.
Во тој случај, додава тој, најдобро е да се чува облека во затворени вреќи или да се стават неколку ќесички лаванда во плакарот при што молците од мирисот нема да можат да издржат.