ГИ ОТКУПИЛ ФИЛМСКИТЕ ПРАВА: Ди Каприо во холивудска верзија на оскаровскиот филм „Another Round“?

28 април, 2021
92nd Annual Academy Awards, Arrivals, Los Angeles, USA - 09 Feb 2020

Оскаровскиот филм „Another Round“ ќе ја добие својата холивудска преработка, а главниот актер Мадс Микелсен во новата верзија може да биде заменет со Леонардо ди Каприо, но списанието „Variety“ пишува дека официјален договор сѐ уште не е постигнат.

Продуцентската куќа „Appian Way“ на Ди Каприо ги откупи правата на филмот откако се натпреваруваше со продуцентските компании на актерот Џејк Гиленхал – „Nine Stories“, како и Елизабет Бенкс – „Bronwstone Productions“.

Томас Винтерберг, кој изненади со номинацијата за Оскар за режија на дански филм, треба да биде извршен продуцент на римејкот заедно со Сисе Граум Јиргенсен и Каспер Дисинг.

Винтерберг заедно со Тобијас Линдхолм го напиша сценариото за „Another Round“, но нема да режира или да соработува за сценариото за новата верзија на филмот.

Најдобар странски филм

Заплетот на данскиот филм, кој освои Оскар во категоријата најдобар странски филм, се фокусира на животот на четворица пријатели кои консумираат големи количини алкохол дневно за да ја тестираат теоријата дека одржувањето на одредено ниво на алкохол во крвта доведува до поголема креативност.

Заедно со Микелсен, актерската екипа на филмот добитник на Оскар ја сочинуваат данските актери Томас Бо Ларсен, Магнус Миланг и Ларс Ранте.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris