ХОРОСКОП ЗА 26-ТИ ОКТОМВРИ: Шкорпиите внимавјте, Рибите носат важна одлука

26 октомври, 2021
820a7d64ea8a2d6d6c9dacd390f6b4e7d460177c

ОВЕН

Вие сте премногу сериозни. Денот е совршен за да си дадете малку одмор, да се оддалечите од работа и да поминете часови во друштво на пријатели кои не ве оптоваруваат со ништо. Работата нема да побегне, никој нема да забележи дека ве нема, а ќе се вратите освежени.

БИК

Имате многу планови и очекувате наскоро да лансирате некои од нив. За жал, денес не правите некој поголем напредок, освен што неколку туѓи искуства ќе ве натераат да размислите дали патот што сте го смислиле е најповолен за вас.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу обврски пред вас. Ќе ви се чини дека не кревате глава од работа, а всушност ништо посебно нема да се случи. Илузијата дека сте преоптоварени доаѓа од ситост, па итно ви треба или промена на работното место или кратка пауза.

РАК

Врската што ја чувавте во тајност се заканува да стане јавна. Партнерот ве сака повеќе отколку вие него, но вие не уживате во тоа. Неговите очекувања стануваат голем товар за вас, па сето тоа ќе биде силна причина сериозно да размислите за раскинување.

ЛАВ

Доколку успеете да го започнете денот без одложувања, може да ви се отворат интересни можности, особено ако вашиот бизнис е поврзан со странство. Не ги вклучувајте пријателите во вашите напори, решете ги вашите проблеми сами.

ДЕВИЦА

Партнерот очекува конкретен чекор за обликување и официјализирање на врската. Не попуштајте под притисок ако не сте сигурни дека тоа е она што го сакате. Дополнителна напнатост предизвикува финансиската состојба која денес е значително искомплицирана.

ВАГА

Ве очекува разговор со претпоставен. Ќе добиете понуда која на прв поглед нема да биде примамлива, меѓутоа, доколку обрнете внимание и го прифатите ова, долгорочно ќе ви се исплати. Таа работа ќе ја отвори вратата за нови потфати.

ШКОРПИЈА

Треба да контролирате сè околу вас, а немате механизми да го поддржите тоа. Лошата вест е дека ќе мора да се откажете од дел од вашиот став кој беше прилично бескомпромисен. Фокусирајте го вашето внимание на саканата личност, му треба поддршка.

СТРЕЛЕЦ

Комуникацијата со луѓе во странство може да биде многу корисна. Бизнис плановите се развиваат во насока во која сте сакале. Сепак, не ги земајте работите здраво за готово, чувајте ги вашите планови далеку од очите на јавноста засега.

ЈАРЕЦ

Иако се изгледа ветувачко, не е поволен ден за договори и какви било трансфери. Одложете го за некое време бидејќи доколку сега започнете нови преговори, може да ве чекаат големи компликации. Во моментов, информациите кои се клучни за вашиот проект не ви се од вид.

ВОДОЛИЈА

Ве очекуваат непријатни вести. Идејата што ја имавте, а која се однесува на вашето семејство, станува неостварлива со овој пресврт. Имате измешано работа и приватен живот, па дозволивте вашите семејни проблеми да ги решаваат вашите соработници.

РИБА

Конечно би можеле да донесете одлука што ја одложувате толку долго. Откако ќе се скршите и надминете себе си и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин давате слобода, и на себе и на партнерот.

escort - Korsan taksi