Истражувањата покажуваат – копнееме за патувања: Оптимистичка прогноза за 2022 година.

2 јануари, 2021
9361279245f0815b24b98f559314490_690x460

Германскиот туристички концерн ТУИ оваа година и покрај корона кризата очекува дека состојбата со патувањата ќе биде нормална во текот на летото.

Сепак, според директорот на концернот, Фриц Џусен, ТУИ сепак ќе понуди само околу 80 проценти од летовите во споредба со претходните години, со цел да се достигне оптималното исполнување на авионот.

Во една изјава, Џоусен предупреди дека поради таквата состојба, авионите, на некои летови кон Средоземното море, ќе бидат брзо исполнети. Тој верува дека Германците ќе потрошат повеќе пари на патувања оваа година, а причината за тоа е што ќе се искористат ваучерите за откажани патувања од 2020 година.

Исто така, Џоусен посочува дека луѓето, како што покажуваат истражувањата, имаат копнеж да патуваат по тешкиот период.

Тој очекува дека започнатата вакцинација наскоро ќе ги отстрани ограничувањата за патување. Според него, ТУИ има намера да ги врати во функција сите 16 крузери оваа година. Џусен посочува дека, сепак, само во 2022 година ќе може да се смета со фактот дека туризмот ќе се врати на нивото од претходните рекордни години како што е 2019. Тековната година, според него, ќе биде година на транзиција, поради очекуваните слаби први шест месеци

Тој е убеден дека бизнисот со годишни одмори ќе закрепне побрзо од другите патувања, вклучувајќи ги и службените патувања. „Видео конференцијата продолжува да заменува одредени разговори, но празничното искуство не може да замени ништо дигитално“, рече тој.