Кети Пери и Орландо Блум заблескаа на свечената церемонија: Пејачката и се врати на старата фризура (ФОТО)

popara26 септември, 20211min0
3aecee6d14dfaa0ec5326ec0b35fd6df68d445d4

Пејачката Кети Пери и ѕвездата на „Господарот на прстените“ и „Пиратите од Карибите“, Орландо Блум, изгледаат среќно и заљубено.

Деновиве славните личности имаат полни раце работа бидејќи започнаа многу одложени настани. На еден од нив се појави и славна двојка, Кети Пери и Орландо Блум.

Свршениците и родители присуствуваа на свеченото отворање на „The Academi Museum of Motion Pictures“ во Лос Анџелес. Сите погледи беа вперени кон интересната двојка и кон трансформацијата на Кети Пери.

Кети (36) веќе долго време е русокоса, но одлучи да се офарба за гламурозниот настан и повторно да има црна коса, по која беше препознатлива долго време.

Таа носеше тесен кожен фустан, со миди должина и црна боја. Бидејќи Кети е позната по својот екстравагантен и впечатлив стил, тоа не може да биде обичен црн фустан, туку има и жолт детал во форма на странични џебови.

Одеше „рака под рака“ со нејзиниот вереник Орландо Блум, кој и понатаму зрачи со својот изглед, и во оваа прилика одлучи да остане во тонот на поубавата половина и да облече црн костум, но изработен од кадифе.

Двојката е свршена од 2019 година, а минатото лето ја добија ќерката Дејзи Дејв Блум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma