Поставува паметни прашања
Паметна жена ќе сака да разбере што се случува во вашиот живот и зошто се случува она што се случува, и ќе поставува прашања на кои можеби немате одговор. Дури и на првиот состанок, тие ќе „копаат“ подлабоко во вашиот живот и ќе поставуваат лични и филозофски прашања и никогаш нема да уживаат во плитки разговори.
Таа е искрена
Можеби и премногу искрена. Таа сериозно го сфаќа својот интегритет. Ако прашате нешто, ќе ви ја каже вистината и ќе го очекува истото од вас.
Знае што сака
Или кого сака. Таа веднаш знае дали ѝ се допаѓате и не мора да „истражува“ или да оди на состаноци за да биде сигурна во нејзините чувства. Нејзиното срце чука за неколку специјални пријатели, кои таа внимателно ги избра.
Сака сериозна врска
Сака долги разговори за вашиот живот, сака да слуша приказни за вашето минато, сака да ја разбере вашата болка и да му даде вредност на вашиот живот. Сака вистинска врска која оди подалеку од само излегување и забава.
Не се плаши од интимност
Таа не се плаши од зближување или дека ќе биде повредена ако се отвори премногу. Не мисли дека ќе ја жртвува својата слобода или дека ќе стане ранлива. Нејзината длабочина и интимност одат заедно и таа секогаш ќе ја цени убавината на интимноста во врската.