„Мама ме контролираше ЦЕЛИОТ МОЈ ЖИВОТ“: Наследничката на Мадона искрено проговори за специфичниот однос со поп ѕвездата

16 октомври, 2021
240235_168465-profimedia0359036531-ff_ff

Лурдес Леон, наследничката на една од најголемите светски sвезди, Мадона, во интервју кај познатата актерка Деби Мазар, искрено зборуваше за растењето, за врската со нејзината мајка и нејзините очекувања, кои беа многу невообичаени, но со причина.

“Мајка ми ме контролираше целиот мој живот. Морав да станам целосно независна штом завршив средно училиште”. – истакна Лурдес и додаде:

“Имам чувство дека мајка ми видела други деца на познати личности и одлучила дека нејзините деца нема да бидат такви. Таа инсистира да размислувам за она по што сакам да бидам позната, а не само за мојот изглед. Ни јас не сакам луѓето само се сеќаваат на тоа“.

Lurdes Leon

Ќерката на Мадона призна дека не наследила посебен музички подарок од нејзината мајка, но исто така е повеќе од горда на извонредниот успех што го постигна.

“Не го разбрав целосно се додека не ја сфатив важноста на зајакнувањето и што значи да се биде жена. Таа е веројатно најголемиот работник што сум го видела. За жал не го наследив тоа”. – завршува Лурдес.

Madona