МНР потврди дека прогласила дипломат од Руската амбасада за персона нон грата

popara17 август, 20211min0
rusija

Министерството за надворешни работи за „360 степени“ индиректно ја потврди информацијата дека е прогласен за персона нон грата руски дипломат од Амбасадата на Руската федерација во земјава, што ја објави порталот Алмакос.

Во одговор на нашето прашање, дали минатата недела е протеран заменик военото аташе во Руската амбасада, од МНР ни одговорија:

„Министерството за надворешни работи, во рамките на своите надлежности, ги презема сите соодветни мерки и активности согласно виенската конвенција за дипломатски односи со цел да ја заштити националната безбедност на Република Северна Македонија, како и соодветно да ја заштити улогата и одговорноста на земјава како членка на НАТО алијансата“, велат од МНР за „360 степени“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma