
Ирина Шајк успева да ги израдува модните критичари секој ден. Овој пат, таа ни даде одличен предлог за лежерен стајлинг во кој можеме да одиме на работа или да прошетаме малку низ градот.
Во списокот на бои кои се во тренд, виолетовата боја зазеде високо место, така што овој избор е полн погодок. Покрај тоа, палта со нагласени рамена се исто така многу популарни.

Кога имате едно вакво ефективно парче, доволно е да носите класични фармерки и блуза и подготвени сте.
Ирина се грижи за сите детали, па маската ја вклопи во стајлингот.
