Нона Неделковска или само нагалено Ноне, некогашната македонска поп ѕвезда, денес „најшетаната велешанка“ на светот, заради природата на својата работа на прекуокеанските крузери која ја работи последниве 6-7 години, стигна и до Исланд. најсеверната европска држава, каде и во лето е како кај нас во зима.
Ама, зима, зима, епа што, ако е зима не е лав, важно е да си здрав и прав… и да знаеш, што? Не да се скијаш, туку да пливаш! За оние кои не знаат и покрај студот и снегот, Исланд е познат и по своите гејзери, извори на топла подземна и минерална вода, која и домаќините и туристите ја користат за капење среде зима во формираните езера.
„Каде сите Турци, таму и гол Асан“ – вели една стара поговорка, па така и македонската „џебна венера“ реши да плива и покрај студот. Прекрасната Сина лагуна во исландската престолнина Рејкјавик и топлата вода за неа не беа само предизвик, како што вели самата Ноне, туку нејзин избор. Жива згода, како вистински бал на вода!
Впрочем, како и за многумина што уживаат во ова блаженство… Благодет кој ретко кој од нас може да си го приушти и доживее. Една од предностите и убавите страни, вистинска чудесија како резултат на нејзината последна професија.
Евидентно е дека водата во Сината лагуна е топла, но не е многу длабока… На капачите, барем на оние со просечна височина им е некаде до гуша, а на Ноне, далеку преку глава!
Арно ама, затоа пак Ноне има нешто што повеќето од нив го немаат и ако се лоши пливачи можат да се удават. А на неа тоа никогаш не може да ѝ се случи, зашто Ноне, никако не може да потоне!
Природниот појас за спасување на бујно надарената цицлеста македонска убавица е онаа граница која Ноне постојано ја држи над вода!
Што би рекле, две природни пловки и безбедноста ѝ е 100% загарантирана… Како и уживањето во пливањето на уште една егзотична дестинација во блажена атмосфера, на македонската „џебна венера“! Блазе си ѝ!
Преземено од vistina.com.mk