Домашен багет е нешто посебно! Крцкаво однадвор, меко и водушесто одвнатре, одлично како прилог со гулаш или супа и вкусно за правење сендвичи!
Ако сакате да печете леб, но немате многу време, ви предлагаме да подготвите лесни бухти!
Важно е да го следите рецептот и да ги измерите сите состојки со помош на вага, да не ги претворате „во главата“ во чаши или „од прилика“ мерки, бидејќи печењето сепак е наука. Најголем напор ќе биде чекањето затоа што тестото за багет треба да нарасне неколку пати. Ако го следите рецептот ќе излезе совршено!
Вака се прави багет!
Состојки:
700 гр остро брашно
520 гр вода
8 гр сол
8 гр свеж квасец
Подготовка:
Измешајте брашно, квасец и сол, додајте вода и месете додека не добиете лепливо тесто. Оставете го да стаса 45 минути, а потоа премесете го. Повторете ја оваа постапка уште три пати.
По последното нараснување, ставете го тестото на работна површина посеано со брашно и поделете го на четири дела. Обликувајте ги лесно, само за да бидат долгнавести и оставете ги да покриени со проѕирна фолија уште 15 минути.
Потоа, формирајте багети, препознатливите долги лепчиња и оставете ги уште 20 минути. Потоа загрејте ја рерната на 220, и ставете плех полн со топла вода на дното.
Наредете ги багетите на подмачкан плех за печење, исечете ги со нож или жилет и испрстајте ги со вода. Печете ги 16 до 20 минути.