Најстарата личност во светот го прослави својот 118 роденден!

2 јануари, 2021
ruke-starost-stap-jpg_660x330

Кејн Танака, најстарата личност на светот, која се роди во истата година кога беше снимен првиот лет на браќата Рајт, денес го прослави својот 118 роденден во градот Фукока во северозападна Јапонија.

Танака, родена на 2 јануари 1903 година, беше прогласена за најстара личност од Гинисовата книга на рекорди во март 2019 година, кога имаше 116 години. Родена е во истата година како, на пример, британскиот писател Џорџ Орвел.
Таа постави рекорд и во Јапонија затоа што досега најстарата личност во Јапонија имала 117 години и 261 ден.

Танака моментално живее во дом за стари лица во Фукока каде го прослави роденденот со другите корисници.

Времето најмногу го поминува на вежбање, а најмногу сака да јаде чоколадо и да пие Кока-Кола, рекоа во старечкиот дом.

„Јадење вкусна храна и учење“, одговори Танака на прашањето што треба да и се заблагодари за нејзината долговечност, додавајќи дека се надева дека ќе го прослави и нејзиниот 120-ти роденден.

Нејзиниот шеесет и едногодишен син рече дека Кејн е добро, и дека е среќен што неговата мајка е расположена секој ден, и покрај тешката ситуација поради вирусот корона.

escort - Korsan taksi