НЕ Е ОНАКВА КАКВА ШТО ЈА ПРИКАЖУВААТ МЕДИУМИТЕ: Манекенката отворено кажа што мисли за Меган Маркл, НИШТО не преќути!

24 април, 2021
2543269_krisitigan_ls

Криси Тејген (35), сопруга на пејачот Џон Леџенд (42), беше гостинка во популарното шоу и таа можност ја искористи за да коментира за војвотката од Сасекс.

Таа зборуваше за Меган Маркл на телевизија и рече дека не ѝ е јасно зошто “сите треба да измислат дека таа е злобна и луда“. Моделот и ТВ-лицето не го имаше тоа мислење и таа кажа сè најдобро за Маркл.

„Таа е навистина убава и толку слатка, баш онака како што сите велат дека е“, рече таа.

Megan Markl

Тејген ја запозна војвотката на снимањето на шоуто „Deal or No Deal“, а ја бранеше и на социјалните мрежи претходно затоа што сметаше дека негативните коментари за Меган се излишни.

Американската манекенка е мајка на ќерка и син, а сопругот и таткото на нејзините деца Џон го запозна на снимањето на музичко видео уште во 2006 година. Тие се венчаа во 2013 година. Кон крајот на минатата година, таа го загуби своето бебе и напиша за големата болка на социјалните мрежи.

Криси во моментов снима емисии и пишува рецепти, како и забавни совети.