НЕОЧЕКУВАНО НАУЧНО ОТКРИТИЕ: Никогаш не можело да има живот на Венера, а малку недостасувало да се случи нешто слично и со Земјата

popara16 октомври, 20212min0
2558997_venera_ls

Иако Венера денес изгледа како многу негостопримливо место, научниците веќе долго време размислуваат дали во одреден момент оваа планета била погодна за развој на животот каков што го знаеме.

Претходните истражувања сугерираа дека Венера можеби била покриена со океани во античкото минато, но новата студија го покажа токму спротивното – никогаш не можело да има поголеми резервоари со проточна вода на неа.

Научниците исто така утврдија дека ние луѓето сме имале среќа бидејќи слично сценарио можело да се случи на Земјата.

Планета со отровна атмосфера

Венера, нашиот најблизок сосед, е слична по големина и густина со Земјата, но двете планети се драстично различни во сѐ друго. Додека Земјата е совршено место за живеење, Венера е безживотна планета со отровна атмосфера на јаглерод диоксид, која е 90 пати погуста од нашата, облаци од сулфурна киселина и температури на површината достигнувајќи 462 степени Целзиусови, што е доволно жешко за да раствори олово.

За да разберат зошто овие две карпести планети се толку различни, тим астрофизичари направија детална симулација на почетокот на формирањето на планетите во нашиот Сончев систем пред 4,5 милијарди години.

Научниците користеа климатски модели слични на оние што се користат за симулирање на климатските промени на Земјата, пишува CNN.

Земјата и Венера како вжарени печки

Пред повеќе од 4 милијарди години, Земјата и Венера биле екстремно жешки и покриени со магма.

Океаните можат да се формираат само кога температурите се доволно ниски за водата да се кондензира и да падне како дожд во текот на илјадници години. На овој начин, океаните на Земјата се формирале во текот на десетици милиони години. Венера, пак, останала премногу жешка за таков процес.

Во тој период, Сонцето било околу 25 проценти послабо од денес, но сепак не било доволно Венера да се олади, бидејќи е втора најблиска планета до Сонцето. Затоа научниците се прашуваат дали облаците можат да играат улога во намалувањето на температурата на таа планета.

Нивниот климатски модел откри дека облаците придонесуваат за климатските промени, но на неочекуван начин. Имено, тие се собираат на ноќната страна на Венера, каде што не можат да ја заштитат дневната страна на планетата од Сонцето. Иако Венера не е секогаш свртена кон Сонцето од едната страна, таа ротира исклучително бавно.

Така, ноќните облаци, наместо да ја заштитат Венера од топлината, всушност придонесуваат за ефектот на стаклена градина, кој ја одржува топлината во густата атмосфера на планетата и одржува високи температури. Со таква постојана, заробена топлина, Венера е премногу жешка за да кондензира вода и да создаде дожд. Наместо тоа, водата може да постои само во форма на гас, водена пареа, во атмосферата.

Земјата можела да ја има истата судбина

И Земјата можела да ја доживее истата судбина, да беше нешто поблиску до Сонцето или ако Сонцето беше со иста моќ како што е денес.

Бидејќи Сонцето било „потемно“ пред неколку милијарди години, нашата планета успеала доволно да се олади и да формира глобален океан на неа.

„Ова е целосен пресврт според наше мислење. За послабото Сонце отсекогаш се сметало дека е главна пречка за појавата на животот на Земјата. Но, се испостави дека за младата, многу жешка Земја, такво Сонце можеби всушност било одлична можност“, вели астрофизичаро, коавтор на студијата, професорката Емелин Болмон од Универзитетот во Женева.

Овие наоди покажуваат дека во нашиот сончев систем, може да има различни начини на еволуција на карпестите планети, според CNN.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma