Никол Шерцингер: Булимијата ми ја украде среќата и самодовербата!

4 јануари, 2021
pjimage-69


Пред неколку години, таа призна дека се бори со булимија. Не беше задоволна од својот изглед, па излегувала од куќата среде ноќ и била убедена дека мора да биде уште послаба


Никол Шерцингер (42), член на поранешната група ‘Pussycat Dolls’ сега позитивно позира и покажува завидна линија и тен, но еднаш се бореше со недостаток на самодоверба. Не беше задоволна од својот изглед.

-Денес го прифаќам моето тело многу повеќе. Отсекогаш сум била многу критична кон себе. На 14, започнав да трчам. Излегував од куќата среде ноќ затоа што бев убедена дека морам да бидам потенка и дека бутовите треба да изгледаат точно како што замислував – изјави пејачката.


Пред неколку години, таа призна дека се бори со булимија. Иако сега е здрава, болеста остави свој белег.

Се чувствував целосно заробено и булимијата ми ја украде целата среќа, самодоверба и сеќавања. Голем дел од тоа се случуваше во времето кога бев во групата ‘Pussycat Dolls’. Имам многу обожаватели и не сакав тогаш да го откривам јавно затоа што бев засрамена. Но, кога конечно јавно зборував за тоа, сфатив дека тоа им помогна на многумина – вели пејачката.


Таа откри и која тајна состојка ја користи за да има беспрекорен тен и сјајна коса.

-Јас користам кокосово масло за се. За лицето, телото, го нанесувам на краевите на косата. Јас дури го користам наместо дезодоранс – рече Никол, која исто така редовно тренира.