По почетната страст во врската, следува периодот на прегратки, па игри на моќ. Работите сосема се менуваат кога ќе пристигнат децата. Како изгледаат овие фази низ коишто поминуваат сите партнери?
Луѓето се менуваат со текот на годините, а со тоа се менува и нивниот однос. Ова важи и за сексуалниот живот кој во бракот или во долгата врска поминува низ осум различни фази.
Опседнатност со партнерот
Првата фаза е проследена со еуфорија и возбуда кон партнерот. Мозокот во тоа време е восхитен од страста и убавите чувства кои ослободуваат голема количина на серотонин, хормонот на среќа, и допамин кој на телото му дава енергија. Голем дел од времето партнерите го поминуваат во кревет.
Прегратки
По првата фаза, стастите се намалуваат и настапува фазата на гушкање. Тогаш ви е поважно да се чувствувате сигурно отколку да имате брз секс на задните седишта во вашиот автомобил.
Игри на моќ
Во оваа фаза, со партнерот се натпреварувате за тоа кој ќе биде подоминантен. Расправиите можат да бидат интензивни и чести, а сексот се користи како оружје.
„Кокетирање“ со други
Паровите сфаќаат дека мора да имаат живот надвор од врската. Тогаш бараат некакво хоби или различна активност. Ова се одразува и на сексуалниот живот. Најчесто, чувствуваат потреба за кокетирање со други луѓе, а љубомората во овој дел од врската најмногу го зачинува сексуалниот живот.
Хаос по раѓањето на децата
Во оваа фаза уморот и ненаспаноста се одразуваат на сексуалниот живот. Но, не треба да ве загрижува ова бидејќи откако ќе се навикнете, повторно ќе ги разгорите страстите во спалната соба.
Сексот станува рутина
Врската или бракот со деца од забавен поминува во функционален. Заедно создадовте функционален тим, па сакате да се чувствувате безбедно и заштитено. Сексот станува рутина која навикнавте да ја практикувате во спалната соба.
Стареете заедно
Во оваа фаза родителите се соочуваат со созревањето на децата и нивното заминување од дома. Ова е совршена прилика за да повторно се посветите еден на друг. Поретко имате секс, но затоа тој е одличен и страстен.
Повторно вљубени
Паровите коишто успешно ги поминуваат овие осум фази повторно ги враќаат емоциите од почетокот на врската. Луѓето коишто ги поминале овие фази велат дека се задоволни од нивниот сексуален живот кој во оваа фаза се одликува со поврзаност и нежност.